Гутереш: Светот сериозно страда од дефицит на доверба

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во поздравниот говор на еднонеделното 73-то Генерално собрание на Обединетите нации, ги предупреди светските лидери дека светскиот поредок станува се похаотичен и дека во подем е политиката на песимизмот.

Мрачна е сликата која ја црта Португалецот, особено посочувајќи ја растечката поларизација и националниот популизам, додека соработката меѓу државите станува се потешка, а довербата во меѓународните институции, се повеќе кршлива.

Со други зборови, светот „сериозно страда од дефицит на доверба”.

„Нашиот свет страда од дефицит на доверба. Луѓето се чувствуваат загрижени и несигурни. Довербата штотуку не пукнала. Довербата во националните институции, довербата меѓу државите, довербата во светскиот поредок базиран на правила. Во државите луѓето губат доверба во политичкиот естаблишмент. Глобализацијата е во подем, и популизмот маршира“.

Предупредувањата на Гутереш доаѓаат како претходница на денешната седницата каде треба да се обратат лидерите на 32 земји-членки на ОН, меѓу кои и претседателот на САД, Доналд Трамп. Американскиот амбасадор Ники Хејли пред говорот на Трамп изјави дека тој ќе продолжи да ја изложува надворешната политика на ” Вистинската Америка”, зборувајќи за “заштита на суверенитетот на САД”.

„Денешниот светски поредок е во растечки хаос, односите на моќ се помалку се јасни, и универзалните вредности се еродираат. Демократските принципи се под заседа, и владеењето на правотот се минира“.

Пораката е токму до еден од главните уривачи на светскиот поредок, Доналд Трамп, кој меѓудругото денеска и задоцни за својот говор, создавајќи проблеми за организаторите.

Но, такви се ѕвездите на политиката и јасно е дека сите очи ќе бидат вперени кон Трамп и на овогодишниот говор, кој ќе се фокусира на две точки.

Трамп ќе сака да се пофали дека има го штофот на голем дипломат, поради средбата со Ким Јонг Ун и ефективното стабилизирање на кореанскиот полуостров.

Втората цел ќе биде повторно да му зададе удар на мултилатерализмот. САД веќе излегоа од Парискиот договор, од Унеско и до комитетот за човекови права, сакаат да ги скратат средствата за Обединетите нации, и Трамп се надевама дека токму во светскиот дом ќе најде следбеници за неговата кампања за национален суверенитет на државите.

Но, пред се очекуваме од Трамп, самиот да се пофали за добро сработената работа.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ