Грција на готовс пред најавата за ново невреме

Црвениот аларм се уште е вклучен кај грчките пожарникари и кризниот штаб, откако метеоролозите најавија за нов налет од неврме кое се очекува попладнево и во вечерните часови. Силен ветер со пороен дожд се најавува за јужниот и источниот дел од Грција.

Граѓаните се предупредени да не излегуваат надвор, а се апелира да ги исчистат олуците од куќите. „Недела ќе биде тежок ден за Грција“, најавуваат синоптичарите.

Жителите и туристите од Халкидики се обидуваат да се вратат во нормала од шокот кој го преживееа во средата, кога разорниот ветер и дожд 20 минути корнеше и носеше се пред себе. Шест туристи, меѓу нив две мали деца, и еден локален рибар беа негови жртви. Во болница се уште се 9 луѓе, меѓу нив се и двајца постари мажи кои биле спасени од македонски турист. Една од повредените е и жена која била подигната од силината на ветрот и удрила во канта за отпадоци, по што се тркалала по патот. Нивната, и состојбата на уште една постара жена се уште е критична. Туристите сведочеа дека невремето се појавило одеднаш, без никаква најава, додека сите уживале во зајдисонцето, некои во таверните, а некои на плажа. Критики има до новата влада која стапи во функција во понеделникот, од каде принзаа дека телефонот за итност не работел.

„На крај, ве информирам декка за жал до денеска добро познатиот телефонски број за итност 112, кој оперира во сите европски земји, кој треба да ги информира граѓаните за итни ситуации, во нашата земја не работи, соопшти портпаролот Стелиос пецас.

Струјата полека се враќа во објектите, и од електродистрибуцијата соопштија дека остануваат уште неколку критични куќи во Созопол и Каликратија на чии дефекти се работи за добивање на струја. Главниот пат кој води до малите туристички места е расчистен од откорнатите дрвја и паднати бандери, се уште се чистат локалните патишта кои се очекува до утре целосно да профункционираат. Властите, чекајќи го и денешниот нов налет од ветер, соопштија дека од утре почнува и проценка на штетата.

Вакво екстремно време е необично за овој дел од годината во Грција. нешто слично се случи во 1983-та и тогаш имаше девет жртви.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ