Грција ја замрзнува можноста за промена на живеалиште

Независната служба за јавни приходи на Грција го прекинува разгледувањето на електронски поднесените барања за промена на постојаното место на живеење од даночните обврзници, со цел да се спречи прекршување на мерките за забрана за движење и масовен излез на граѓаните од урбаните средини во пресрет на Велигден, објавија грчките медиуми.

Од забраната за движење во Грција што е во сила од 23 март 2020 година, исклучок е еднократно префрлање од моменталното кон постојаното место на живеење, па така, некои од „досетливите“ Грци за да заминат во нивните села, во викендичките и далеку од урбаните средини за Велигден, започнале да поднесуваат барања за промена на постојаното место на живеење, јави дописничката на МИА од Атина.

За да се спречи ова, што веројатно би предизвикало и масовно кршење на превентивните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, Независната служба за јавни приходи на Грција одлучи да ги замрзне сите барања за промена на адресата сѐ додека е во сила забраната за движење.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ