
Грција го затвори за движење шеталиштето покрај морето во Солун
Грција го затвори шеталиштетот покрај морето во Солун. Заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, соопшти дека шеталиштето во Солун ќе биде затворено преку недела од 14 до 8 часот и целосно за време на викендите.
„За жал, принудени сме да го ограничиме движењето на шеталиштето, бидејќи сме должни да го заштитиме јавното здравје“, напиша Хардаљас на „Фејсбук“
Одлуката стапува во сила денеска и ќе важи 14 дена, а доаѓа откако веќе неколку дена, шеталиштето е полно и покрај забраната за движење на граѓаните во Грција. Градоначалникот на Солун Константинос Зервас, говорејќи за грчките медиуми вчера рече дека доколку не биде донесена одлука од владата, тој лично ќе го затвори, по што следеше соопштение од Генералниот секретаријат за цивилна заштита.