
Грци го навредуваа Ципрас во Лондон
Грчкиот премиер Алексис Ципрас беше вербално нападнат од група Грци за време на неговата посета на Лондон, пишува грчкиот весник „Прототема“.
Додека премиерот пристигнал пред зградата каде што требало да се сретне со претставници од грчката дијаспора, на другата страна од улицата се собрале демонстранти кои по излегувањето од автомобилот почнале да извикуваат „Предавник, ја продаде Македонија, продај го и Кипар“ и „Срам да ти е“, притоа фрлајќи ситни пари на улицата.
Грчкиот премиер се наоѓа во посета на Лондон каде што денеска ќе се сретне со британската премиерка Тереза Меј и лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.