
Грета Тунберг ја одби наградата за животна средина од Нордискиот совет
Грета Тунберг ја одби наградата за животна средина, која носеше со себе и парична компензација, оценувајќи дека на движењето за спречување на климатсктие промени не му се потребни повеќе награди.
Тунберг додаде дека понудената награда е голема чест и му се заблагодари на Нордискиот совет, чии претставници соопштија дека ја почитуваат нејзината одлука.
Во објавата на Инстаграм, објаснувајќи ја својата одлука да ја одбие и паричната награда во износ од 46 илјади евра, Тунберг ги повика и политичарите и луѓето кои ја имаат моќта, да ја слушаат науката и предупредувањата за опасноста од климатските промени.