Грета Тунберг е личност на годината според магазинот “Тајм”

Грета Тунберг е личност на годината според магазинот Тајм

Шведската климатска активистика Грета Тунберг беше именувана денеска за “личност на годината” страна на магазинот “Тајм”. На возраст од само 16 години, таа е најмладата личност на која американскиот магазин досега ја доделил оваа награда.

Тунберг стана најпрепознатливото лице на климатското движење на младите луѓе, откако започна еднаш неделно да не оди на настава и да протестира пред парламентот на својата држава.

Во минатата година и пол, таа беше и главниот говорник на повеќе меѓународни конференции за климатските промени и масовните демонстрации ширум светот.

“Заради кревањето на алармот предизвикан од предаторскиот однос на човештвото со единствениот дом што го имаме, заради јасниот глас во фрагментираниот свет кој ги надминува границите и поделбите, заради тоа што ни покажа како новата генерација ја презема лидерската улога – Грета Тунберг е личност на годината за 2019 година”- објави денеска магазинот Тајм на својот интернет портал.

Во својата прва реакција, Тунберг која денеска ја напушти климатската конференција во Мадрид, изрази благодарност но и изненаденост заради признанието на магазинот Тајм.

“Навистина е многу неочекувано и затоа сум секако многу благодарна заради тоа, многу благодарна затоа што ова е огромна чест…но, како што кажав и претходно, јас не сум таа која треба да биде личност на годината, тоа треба да бидат сите инволвирани во движењето “Петоци за индината”, затоа што тоа што го направивме, ние го направивме заеднички” – изјави Тунберг.

Тунберг додаде дека се надева дека пораката на ургентност која таа и останатите активисти ја пренесуваат, дека владите треба драстично да ги зголемат своите напари за борба против климатските промени, конечно успеава да се пробие.

Таа подвлече и дека нејзиното искуство од минатите 15 месеци, почнувајќи како соло демонстрант пред шведскиот парламент, па се до обраќањето до светските лидери на Генералното собрание на Обединетите нации, суштински ја променило. 

Никола Илиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ