
Гренланд и Антарктикот забрзано ја губат ледената маса
Најголемите земјини ледени површини, Гренланд и Антарктикот, го губат мразот шест пати побрзо отколку што беше регистрирано во 1990-те години, предупредуваат научниците.
Сеопфатна анализа на сателитските податоци собрани над двата земјини пола се недвосмислени во резултатите, тврдат научниците. Двата пола заедно од 1992 година до 2017 година изгубиле 6,4 трилиони тони мраз, што пак претставува дека светското ниво на морињата се зголемило за речиси 18 милиметри.
Денеска покривот од мраз допринесува за отприлика една третина од покачувањето на нивото на морињата, додека во 1990-тите тој процент беше многу мал, околу 5 %. Ова носи важни последици за иднината, за крајбрежнит епоплави и ерозијата, тврди Ендру Шепард, професор на универзитетот во Лидс.
Шепард е еден од двајцата водачи на проектот за споредување на масата и балансот на ледените површини. Проектот е составен од тим на експерти кои ги споредуваат мерењата од опсерваторските летала спроведени изминативе три децении. Опсерваторските летала се сателитите кои ги следат промените во големината, течењето и гравитацијaта на ледените покриви на двата пола.
Овие мерења откриле интересен податок за научниците. Двата пола, Антарктикот и Гренланд на различен начин ги манифестираат последиците од глобалното затоплување. Топењето на мразот на јужниот пол доаѓа поради се потоплите океански води кои ги разјадуваат неговите рабови. Истото, до одреден степен, се случува и на северниот пол, но таму е забележано и површинско топење поради се повисоките воздушни температури. Токму затоа научниците биле во можност да пресметаат и колку од зголемувањето глобалното ниво на морињата отпаѓа на различните полови. Од 17,8-те милиметри зголемување на нивото, 10,6 се должат на Гренланд, или 60 % а 7,2 милиметри, или 40 % на Антарктикот.