
Гренел со барања до Косово и Србија
Приштина да ги повлече даноците од сто проценти на производи од Србија, но и Белград да ја прекине кампањата во која лобира против независност на Косово. Ова денеска го порача специјалниот американски претставник за дијалогот Белград – Приштина, Ричард Гренел кој се сретна со Албин Курти, претседателот на партијата која победи на изборите на Косово. Гренел вели дека нема рок за постигнување на договор меѓу двете страни, но сепак треба да се договорат за да не се спречува развојот на економијата.
Гренел изјави и дека повеќемесечните преговори за формирање на следната косовска влада се нешто со што се соочени и Велика Британија и Германија. На Албин Курти му порачал да ги почитува правилата во преговорите за новата влада. Гренел синоќа се сретна и со косовскиот претседател Хашим Тачи, од кого исто така побара укинување на таксите за да се помести дијалогот од мртвата точка.