Границата на островот Ирска проблематична точка во планот за Брегзит

Има некои проблематични точки што треба да се решат во наредните денови, ова е првата реакција на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер откако Борис Џонсон по телефон го извстил за најновиот предлог за брегзит.

Откако и Европската комисија го доби текстот, објаснувањето и дополнителното писмо од Џонсон, Јункер вели ЕУ сака договор обединети сме како и во изминатите три години но, проблемот започнува кога станува збор за управување со безбедносната мрежа на границата помеѓу Северна Ирска и Република Ирска (земји членки на ЕУ) по Брегзит. И аналитичарите кои внимателно го следеа излагањето на Џонсон пред неговите конзервативци тука ги насочија критиките.

  • Борис Џонсон даде ветување дека нема да има проверка или граница на островот Ирска или помеѓу Северна Ирска и Велика Британија. Ова е невозможно со оглед на сегашните црвени линии на владата на Велика Британија. Значи, каков е планот на Борис Џонсон за граница што ќе постои и на островот Ирска, меѓу Велика Британија и Ирска. Всушност, тоа се две граници. Значи, всушност нема начин да се заобиколи ова без да се зголеми интензитетот на економските проверки и да се зголеми бројот на граничните пунктови што ќе постојат на островот Ирска, вели аналитичарот Алан Вејгер.

Премиерот Борис Џонсон повика на брзи преговори за постигнување решение. Џонсон во писмото до Јункер напиша дека Велика Британија предлага да го стори тоа со приближување на Северна Ирска со правилата на ЕУ за трговија со стоки, евентуално за подолг период. Тој истакнува дека неуспехот да се постигне договор ќе биде неуспех за кој ќе бидат одговорни сите.

Џонсон жестоки критики упати до пратениците во Долниот дом кои усвоија закон со кој му се забранува да го извади Обединетото Кралство од Унијата и му наложува да побара ново одложување на Брегзит.

  • Тажната вистина е дека гласачите имаат поголемо влијание врз „Јас сум славна личност“ отколку што го имаат врз овој Парламент кој одбива да го испорача Брегзит, одбива да понуди било што конструктивно и одбива избори. Токму во моментот кога гласачите очајно сакаат да им се посветиме на нивните приоритети ние продолжуваме да ја џвакаме супер пластифицираната тема Брегзит, истакна премиерот Џонсон.

Вечерва телевизија скај њуз без да го открие изворот објави дека Британскиот премиер повторно ќе ја суспендира работата на Парламентот на 8 октомври, односно пред објавувањето на новиот законодавен план, на 14 октомври.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ