Градоначалничката на Софија ќе се избира во втор круг

Се бројат гласовите по локалните избори кои се одржаа денеска во Бугарија.

Јорданка Фандакова кандидатката на владеачлката ГЕРБ во битката за градоначалничката позиција во Софија изби пред независната кандидатка поддржана од БСП и десничарите, Маја Манолова, за само 10%. Двете ќе одат во вториот круг следната недела.

„Изборот е свето право, ние треба да избереме помеѓу диктатот и слободата, а Софија значи мудрост“, агитираше вечерва Манолова, која веднаш ја продолжи кампањата.

Но во Пловдив според плериминарните резулати губи кандидатот на ГЕРБ, Здравко Димитров.

„Сè уште се колебам да се радувам бидејќи пребројувањето на гласачките ливчиња во некои делови е на почеток, изјави Дани Каназирева од Сојузот за Пловдив, која најверојатно ќе биде еден од кандидатите за градоначалник на Пловдив, кој ќе се избере во вториот круг.

Сакам да им се заблагодарам на сите гласачи кои не поддржаа денес. Ова го изјави по локалните избори од седиштето на ГЕРБ бугарскиот премиер и лидер на партијата Бојко Борисов. „Сите сакаат да зборуваат за промени, но тие започнаа со нас. Ние направивме големи промени во партијата, особено во Софија. За мене, резултатот е еден – невидена победа над БСП. Во Софија – двојно“, рече тој.

„БСП е многу интересна партија. Тие сакаат субвенции, но кога ќе дојдат изборите, тие немаат кандидати“, рече Борисов.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ