
Големи отстапки од Меркел за подршката од Социјалдемократите
Ангела Меркел успеа да постигне коалициски договор и ќе го започне четвртиот мандат како Кацелар на Германија. Иако овој пат и беа потребни многу повеќе време, но и многу повеќе отстапки. Германските медиуми пренесуваат дека канцеларката за коалицијата со социјалдемократите морала да ги отстапи најзначајните министерства.
Министерствата за финансии, труд и социјална политика како и министерството за надворешни, кое наводно ќе го добие партискиот лидер на социјалдемократите Мартин Шулц. Во медиумите се шпекулира дека ова воедно ќе биде и последниот мандат на Меркел како Канцелар, но и како лидер на Христијанско демократската унија.
Проблемот за демохристијаните е тоа што следниот нивен лидер нема да биде доволно експониран во јавноста затоа што сите атрактивни министерства и припаднаа на Социјалдемократската унија.