Голем пожар во Лондон – 100 пожарникари го гаснат огнот

Во источниот дел од Лондон денеска изби пожар во станбен блок кој зафати станови од подземјето до шестиот кат, објави на „Твитер“ локалната противпожарна бригада.

„Ројтерс“ пренесе дека на местото на пожарот упатени се 15 противпожарни возила и 100 пожарникари. Портпаролот на полицијата изјави дека нема повредени и во тек е затворањето на околните улици.

Пожарот избувнал во областа Депас Гарденс, каде живее претежно сиромашно население.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ