Германско обвинителство: Медлин Меккен е најверојатно мртва, под истрага е 43 годишен маж

Медлин Меккен е најверојатно мртва, соопштија германските обвинители кои го истражуваат исчезнувањето на британското девојче од 2007-та година.

43-годишен германец е под истрага заради сомневање дека го извршил убиството на девојчето.

Осомничениот, кој од германските медиуми беше идентификуван како Кристијан Б, во моментов е во затвор за друго кривично дело.

Обвинителите веруваат дека тој бил во регионот во Португалија каде семејството на тогаш 3-годишната Медлин последен пат била видена во јавноста.

Полицијата побара помош и од јавноста за конечно затворање на случајот кој ја потресе јавноста и за чие решавање беше покрената голема истрага низ цела Европа, додека англиската полиција потроши повеќе од 11 милиони фунти.

Обвинетиот е сексуален предатор со неколку претходни обвинувања, кој исто така бил и осуден за сексуална злоупотреба на деца. Во моментов, тој отслужува подолга затворска казна за друго дел. Обвинетиот редовно престојувал во Алгарве помеѓу 1995-та и 2007-ма, вклучувајќи и неколку години во куќа помеѓу Лагос и Праја да Луж, изјави Ханс Кристијан Волтер, портпарол на обвинителството во Брауншвајг.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ