Франција предупредува на сериозни последици од терапијата за ковид-19

Терапијата за ковид-19 да не се зема на своја рака бидејќи можат да предизвикаат сериозни несакани последици, предупреди француската Агенција за лекови (АНСМ). Според Агенцијата лековите за Ковид-19 кои се испитуваат може да имаат несакано дејство и апелираше во ниту еден случај да не се земаат на своја рака.

Апелот на Агенцијата уследи откако во Франција се регистрирани три мртни случаи, што можат да бидат поврзани со тие лекови.

„Триесетина тешки нуспојави и три смртни случаи се пријавени досега кај пациенти заболени од новиот коронавирус, кои се лекувани со „Плакуенил“ (хидроксиклорокин) и други лекови, како што е „Калетра“ (антивирусна комбинација на лопинавир и ритонавир)“, изјави главниот директор на АНСМ, Доминик Мартин.

АНСМ пред 15 дена ги стави под „зајакната контрола“ лековите за Ковид-19, што се во фаза на испитување.

Додека францускиот професор Дидие Раоу истакна дека посебно треба да се внимава на хирдоксиклорокинот во комбинација со антибиотикот азитромницин, кои ја потврдија „делотворноста“ против новиот коронавирус. Нивната комбинација го зголемува ризикот од нарушување на сцевиот ритам и може да предизвика срцев застој.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ