Франција – поради епидемијата побарана е делумна невработеност за 2,2 милиони вработени

Вкупно 220.000 претпријатија во Франција побарале употреба на системот делумна невработеност за 2,2 милиони вработени, објави денеска министерката за труд Муриел Пенику.

„ Во петокот навечер, имавме 220.000 претпријатија кои побараа делумна невработеност за сите или за дел од нивните вработени. Тоа е 65.000 повеќе од претходниот ден. лавните области што се засегнати се индустријата, угостителството, градежништво и трговијата со храна, кои во моментот се многу погодени“, рече Пенику.

Министерката Пенику им порача на компаниите да не ги отпуштаат работниците, туку да користат скратено работно време.

„Ќе ги задржите своите вештини и нема да ги оставите вработените да останат без работа. Дури и за еден вработен, делумната невработеност функционира. Сите барања за кои не е одговорено во рок од 48 часа се смета дека се одобрени и ние ќе извршиме пост-проверки по здравствената криза“, истакна таа

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ