
Франција парализирана од најмасовниот штрајк во изминативе децении
Ширум Франција започна генералниот штрајк во кој учествуваат милиони работници во знак на протест против плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање и намалување на пензиите. Вработените во образованието и јавниот превоз ги преплавија улиците заедно со полицајците, правниците, медицинскиот персонал и вработените на аеродромите. Јавниот превоз и училиштата се најпогодени затоа што нивните синдикати одлучија масовно да го подржат штрајкот.
- Јас сум од Њујорк и дојдов во Париз на одмор. Пристигнав на аеродромот утрово и не знаев ништо за било какви штарјкови. Чекавме речиси два часа воз на аеродромот но не пристигна, вели еден туристи од Њујорк.
Според најавите од синдикатите штрајкот започнува денеска а ќе трае се додека Макрон не се откаже од своите намери за промена на пензискиот систем. Дури 69 проценти изнесува подршката на јавноста за штрајкот а таа е најсилна кај младите луѓе на возраст од 18-34 години.
- Мора да биде силен и масовен штрајк, еднодневен штрајк нема да биде доволен. Ако јас бев на местото на Макрон, тој има апсолутно право да не попушти по еден ден штрајк затоа што ќе ја изгуби кредибилноста. Но ако цврсто застанеме против Марон и неговата влада, ќе претрпи штета, особено од финансиски аспект и само поради парите Макрон ќе попушти, вели Ион Арно – наставник од Версај.
Владата на Макрон се надева да избегне повторување на генералниот штрајк од 1995 година, кој ја блокираше земјата цели три недели и ја обедини јавноста против владата, која беше приморана на отстапки. Министерството за внатрешни работи соопшти дека очекува најмалку 250 различни маршеви и протести ширум земјата и предупреди на можно насилство поради најавената подршка од страна на „Жолтите елеци.“
Игор Трајков