
Фон Дел Лајен ќе номинира нови имиња на местата на Трочањи и Плумб
Претседателката на новата ЕК, Урсула фон дер Лајен побарала нови кандидати од Романија и Унгарија откако Комисијата за правни прашања на Европскиот парламент и по втор пат ги отфрли кандидатурите на Ласло Трочањи и Рована Плумб. На денешната затворена седница на комисијата двајцата кандидати повторно се обидоа ги разјаснат своите финансиски сосотојби, кои се покажаа како пречка во одобрувањето на нивните кандидатури.
Според правилата на унијата препораката на правната комисија е предуслов за кандидатите воопшто да бидат сослушани од матичните комисии од парламентот. ЕК смета дека именувањето нови кандидати на местата на Трочањи и Плумб нема да го одложи констутирањето на новата комисија.
Временската рамка се уште зависи од следните чекори. Како што знаете крајниот рок, според договорот, новата комисија да стапи на функција е први ноември, имајќи го во предвид тоа сега се зависи од развлекувањето на следните чекори, вклучувајќи ги сослушувањата и гласањето за целиот Колеџ на комесари;
изјави портпаролката на ЕК Мина Андреева
Фон Дер Лајен ја кандидираше романката Рована Плумб за комесар за транспорт, но правната комисија ја одби нејзината кандидатура затоа што во првичниот финансиски извештај до ЕП, не навела дека земала два кредити за финансирање на политички кампањи во својата земја.
Ласло Трочањи, кој беше номиниран за комесар за проширување и соседска политика, беше оценет како неподобен за извршување на функцијата затоа што адвокатската компанија која ја основал во 1991 година, работела за унгарската влада додека тој бил министер за правда во истата. Во ново писмено соопштение, Трочањи најави тужба до правната комисија, која ја обвини дека донела одлука поткрепена на збир на лаги, погрешни заклучоци и тенденциозни поврзувања.
Игор Трајков