Фестивалот „АКТО“ за општеството што се гради

Во Битола, од денеска до сабота, се одржува фестивалот на современа уметност „АКТО“. Неговата програма, поделена во 5 целини, се осврнува на зададената тема, насловена „ Општество во изградба“. Од граѓанската платформа „Мрдни со прст“, кои се вклучени во „АКТО“ , за утре најавуваат повеќе  содржини, наменети и за децата и за возрасните. А, од таму ја најавија и хуманитарната акција „ Нахрани 10 илјади“, која ќе се одржи на 6 септември низ целата држава, како дел од нивниот летен караван.

Офицерскиот дом во Битола , од денеска до сабота ќе биде местото каде ќе се одржува 13 издание на фестивалот на современа уметност, АКТО.

  • „ АКТО“ има 5 програми: АКТО-Агора, АКТО-За заедницата, АКТО-Уметничка програма, АКТО-Музика и АКТО-Воз.

Критичкиот и ангажиран  пристап во расветлувањето на состојбите во општеството и овој пат нема да изостане.

  • „ АКТО“ , годинава се одржува под наслов „ Општество во изградба. Во тие рамки, ќе бидат прикажани три содржини кои за тема го имаат феноменот на промена на името. А, се реферираат на претстојниот референдум.
  • Кои што се за подобрување на читачките и математичките навики на децата. Така се вика „ За здрави читачки навики“. Потоа ќе има активности кои треба да да ја унапредат креативноста на децата, имаме јога со смеење.

Во рамките на летниот караван на платформата „ Мрдни со прст“, започнувајќи од викендот  до 9 септември, спортски активности ќе има во Штип, Дојран, Валандово, Струмица и Пробиштип. А, на 6 септември ќе  се одржи хуманитарна акција за собирање храна во 10 градови во Македонија. Според Блаже Јосифовски од платформата „ Сите сити“, целта е да се соберат 10 тони храна зашто во Македонија живеат 450 илјади граѓани кои не можат да го остварат тоа основно човеково право.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ