
Европскиот парламент бара итен фонд за помош на медиумите по кризата со Ковид-19
Претставници на Европскиот парламент сметаат дека за време на пандемијата, медиумите и новинарскиот сектор се клучни за навремена и точна информација за јавноста, но исто така се соочуваат со големи загуби, првенствено поради падот на продажбата на рекламниот простор за дури 80 проценти.
„Тие се нашата одбрана од лажните вести и дезинформации. Во исто време, тие се сериозно погодени од падот на приходите од реклами и од фактот дека нивната иднина е неизвесна“, предупредуваат европратениците.
Членовите на Одборот за култура и образование побараа од Европската комисија да обезбеди средства од фондовите наменети за обнова на економијата по пандемијата, за медиумите, како и за културните институции, уметниците и добротворните организаци