
Европски земји почнуваат да укинуваат дел од рестриктивните мерки
Од денеска голем број европски земји почнуваат да укинуваат некои од рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата со Ковид-19.
За првпат после 50 дена на Шпанците им беше дозволено да излезат надвор. Најголем број жителите одлучија дватата часа да ги поминат во прошетка покрај крајбрежјето. Од денеска таму работат и малите трговски објекти како фризерски салони што можат да примат индивидуални клиенти по претходно закажан час. Баровите, кафулињата и рестораните ќе продаваат за домашни потреби. Маските се задолжителни во јавниот превоз.
Една недела пред ублажување на рестриктивните мерки Франција ги подготвува железничките станици со поставување на ознаки за одржување на дистанца. Според протоколите претпријатијата треба да му гарантира минимален простор од 4м² на секој вработен.
Во Грција покрај продавниците од денеска и црквата ќе отвори врати за индивидуални молитви.
Италијанците веќе можат да ги посетуваат своите роднини, да се собираат во ограничени групи, да шетаат по парковите но да држат физичка дистанца. Целосно е обновена работата во градежништвото и трговијата на големо.
Но за разлика од Шпанија и Италија каде училиштата нема да бидат отоврени до септември, Јужна Кореја веќе најави отворање и на универзитетите.
- Уличиштата повторно ќе бидат отворени во текот на школскиот семестар 2020, почнувајќи од 20 мај. Меѓутоа средношколците кои имаат приемни испити на универзитетите и струдентите во училиштата со помалку од 60 ученици кои се на секојдневен карантин, ќе се вратат на улиштата на 13 мај, соопшти Иоо Еун-хае, министер за образование на Јужна Кореја.
Европската унија денеска организира меѓународна донаторска видео-конференција за да соберат средства за глобален одговор против Ковид-19. Брисел проценува дека на светот му се потребни 7,5 милијарди евра за развој на вакцини, дијагностика и третмани против новиот коронавирус. А во среда веќе следува Самит ЕУ – Западен Балкан исто преку видео врска. Како што соопшти хрватското претседателство со ЕУ целта е оденување и соработка во борбата против пандемијата. ЕУ обезбедила 3,3 милијарди евра помош за земјите од Западен Балкан.
Билјана Ставрова