Европската Унија се организира за пронаоѓање на вакцината за запирање на пандемијата на европска територија

Земјите членки на ЕУ заеднички ќе работат на откривање на вакцината против КОВИД 19. Фармацевтските европски компании забрзано работат за дозата која по се изгледа ќе биде најефикасниот начин да се надмине пандемијата. Но, за да не се создаде конкуренција меѓу земјите членки на ЕУ, официјален Брисел ја објави стратегијата за развој на вакцината, која треба да излезе на пазарот за 12 до 18 месеци. Од земјите членки се бара да ги координираат своите здрвствени политики за поголема ефикасност.

Заедничката акција на ЕУ ниво ќе им овозможи на земјите членки да ги зголемат изгледите за изнаоѓање на ефективна вакцина, и да ги обезбедат потребните количини за нашите граѓани по добра цена. Со ова, ќе  се избегне штетната конкуренција меѓу нас, а ќе се види и европската солидарност. Веќе неколку недели имаме блиска соработка со земјите членки и фарамцевтските компании за да го поставиме заедничкиот пристап, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. 

Ова е момент за наука и солидарност, рече Фон Дер Лајен, која истакна дека вакцината мора да биде достапна и за земјите во развој, кои немаат можност да ја произведат. Ова значи дека ќе бидат потребни клинички тестови и инвестиции. Комисијата нуди да им се помогне на фирмите што работат на вакцина преку склучување спогодби однапред, за возврат ЕУ добива право да откупи одреден број дози во одреден временски рок. Комисијата се залага да ги финансира трошоци авансно. Фондовите би дошле од Инструментот за итна поддршка кој предвидува вкупно 2,7 милијарди евра за справување со кризата.

Европа е во трка со дел од светот, вакцината да се произведе на нејзина територија. Англо-шведската фармацевстка компанија АстраЗенека е најголемиот фаворит за вакцината. Ја поддржаа Италија, Франција, Германија и Холандија со дополнителен фонд. АстраЗенека веќе во фаза на големо клиничко истражување, првата доза ќе биде тестирана на 10 илјади луѓе. за следниот месец веќе се закажани нови 30 илјади доброволци. Ако биде успешна вакцината, доставата низ ЕУ ќе почне кон крајот на годината, во зависност од популацијата на секоја земја – 400 милиони дози за цена од 750 милиони евра.

Според најновата анкета на германската фармацевтска група „Стада“, задолжителна вакцинација поддржуваат 82 отсто од Европејците.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ