Европа претпазливо ги олабавува мерките за корона вирусот

Со надеж дека олеснувањето на реститриктивните мерки нема да доведат до појава на втор бран од корона вирусот, дел од европските држави им дозволија на своите граѓани одредени мали задволства. По два месеца, Французите дфденеска излегоа надвор без полициска дозвола. Парижани внимателни, со заштни маски, од утринава почнаа да го користат и јавниот транспорт, а ќе можат и да се дотераат во фризерниците или да купуваат во продавниците. Основните училишта почнаа со настава, а градинките се отворени за децата чии родители не можат да ги чуваат. Препораките остануваат. Социјална дистанца и носење маски. За кафулињата и дружбата, Французите ќе почекаат до крајот на мај. Оваа втора фаза од враќањето во т.н. нормала е слична во речиси сите европски земји. Велика Британија попладнево треба да го објави правилникот според кој ќе се олабават мерките, но сепак целосно релаксирање нема да има.

Во однос на постоечките упатства се вели дека ако можете да работите од дома, нека остане така. Но, оние кои не можат, поточно оние во градежништвото, производниот сектор, ги охрабруваме да се вратат активно на работа, изјави министерот за надворешни, Доминк Рааб.

Сепак, малите бизниси ќе се отворат дури после 4 јуни. Најавата дека официјален Лондон ќе ги олабави мерките го критикуваше првиот сосед – Шкотска. Им порачаа на британските власти да не ги збунуваат луѓето.

Не смееме да се залажеме од прогресот, со тоа што ќе ги олабавиме мерките премногу рано, испраќајќи збунувачки пораки до луѓето, да си мислат дека е добро да се олабават. Да бидам едноставна за последиците ако го сториме тоа. Луѓето непотребно ќе умираат, смета премиерката на Шкотска, Никола Стурџон.

Германија која меѓу првите започна да го враќа стариот начин на живот, денеска повторно забележа зголемен број на заболени. И покрај тоа што Германците од денеска ќе можат да спортуваат и во затворен простор, здравствените власти се подготвуваат за евентуалниот втор бран. Во Берлин е отворен прифатен центар за 500-тини пациенти со КОВИД 19, но засега креветите се празни. Во Грција денеска се отворија продавницте, но не и моловите. За народот тоа е потребно по два месеца карантин, велат властите. А самите Грци расположени за шопинг.

Видете не се плашам да влезам кога се преземени мерки за заштита. Ќе купуваме. Што да правиме? Треба и продавниците да преживеат…

 Научниците тврдат дека корона вирусот полека ќе стивнува со доаѓањето на летото. Но, стравот од брзиот втор бран го предизвика новата бројка на заболени во Кина и во Јужна Кореа. Во двете земји се појавија нови жаришта на зараза и тоа поради очигледната способност на вирусот да продолжи да се шири незабележано. Може да излезе дека новите случаи се само капка во океанот и ќе бидат потиснати, но фактот што двете држави, кои, како што се чинеше, ја држат епидемијата под контрола, пријавуваат нови локални пренесувања, мора да биде причина за загриженост, анализираат американските медиуми.

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ