
Европа ги олабавува мерките против корона- Нов Зеланд ја доби битката со вирусот
Хрватите на скара за Први Мај , Србите три дена во карантин. Хрватските власти јавуваат дека граѓаните ќе можат да одат на скара викендов , но да се држат на дистанца. Србите први мај ќе го дочекаат во своите куќи поради полицискиот час кој че почне во четврток попладне , а ќе трае до понеделник до пет часот наутро. Речиси половина од Грците и покрај пандемијата пак планираат летово да одат на одмор. Девет од десет анкетирани сепак ќе летуваат во нивната земја, велат анкетата на грчката новинска агенција АНА-МПА.
Европа полека се враќа во нормала. По шест недели децата во Шпанија излегоа на улица. Со своите родители излегоа на прошетка на чист воздух . Глетка која не можеше да се види два месеци.
Конте објави што ја чека Италија. Се отвораат парковите, смее да се оди кај роднините на гости, кафулињата ќе отворат во јуни. Но без оглед на релаксирањето на мерките италијанскиот премиер ги замоли граѓаните да држат дистанца од 2 метри.
За прв пат во јавноста откако се изличе од КОВИД 19 се појави и Британскиот премиер . Изјави дека пандемијата е најголемиот предизвик за државата од Втората светска војна.
И надвор од стариот континент добри вести. Нов Зеланд ја победи битката со коронавирусот , соопшти премиерката Џасинда Ардерн. Таа изјави дека не се регистрирани нови случаи во таа земја. Изјавата на Ардерн дојде неколку часа пред земјата да го укине највисокото ниво на социјални ограничувања.
Според последните податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени повеќе од 3 милиони луѓе, а бројката на починати надмина 200 .000
Tеодора Цветковска