
Еврофокус 29.05.2020
Ќе се вратиме ли повторно на рестриктивни мерки? Дали Македонија ги превзеде вистинските чекори за справување со КОВИД 19? Што по отварањето на границите кон соседите и ЕУ? Дали ќе бидеме земја ризична за патување? Како туристичките работници ќе се справат со штетите настанати поради Короната? Ке имаме ли странски туристи? Што со домашните хотелиери и ресторани? Колкави се загубите и како да се надминат проблемите?
Во Евро Фокус со Снежана Лупевска Созен анализираме со др Владимир Лазаревиќ, Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција на туризмот, Влатко Сулев, претседател на асоцијацијата за дојдовен туризам, Андреј Сирачевски, извршен директор на “ Аурора” и Кристијан Џамбазовски.