ЕУ воведува задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите

Европската комисија ќе бара воведување задолжителни квоти за жени во управите на јавните компании во земјите на ЕУ.

Според предлогот, компаниите кои имаат помалку од 40 проценти жени во управата, ќе треба да преферираат жени при избор на кандидати за пополнување на слободните работни места.

Претходниот план на Европската унија за воведување квота од 40 проценти жени не помина, затоа што Германија, Холандија и Шведска се спротивставија со образложение дека тоа е прекумерно мешање во внатрешните работи на државите. Унгарија и Полска се спротивставија од идеолошки причини.

Последните истражувања покажуваат дека во последниве неколку месеци има се помалку жени во менаџментот на компаниите, иако во изминатата деценија нивниот број е зголемен.

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ