ЕУ на самит собира пари за вакцина за Ковид – 19, на Балканот ситуацијата загрижувачка
СЗО не може со сигурност да тврди дека вакцината против Коид – 19 ќе биде готова за една година, а денеска во Брисел европските лидери и голем број ѕвезди го мобилизира фондот за вакници, во кој досега ЕК има собрано 10 милијарди евра.
Германската канцеларка Ангела Меркел, поп ѕвездите Џастин Бибер и Шакира се сао дел од учесниците на самитот за собирање пари за развивање вакцина, тестови и лекови за новиот коронавирус.
Меркел, чија земја од среда го презема претседателствувањето со ЕУ, истакна дека е Германија е свесна за големите очекувања, надминувањето на пандемијата на коронавирусот и нејзините последици е клучна задача. Според неа, пандемијата не само што однесе стотици илјади животи во Европа, туку и ги ограничи клучни европски достигнувања, како што се слободата на движење и отворените граници.
Светската здравствена организација планира да испорача две милијарди дози вакцина пртив Ковид-19 низ целиот свет до крајот на 2021 година, но не може со сигурност да тврди дека вакцината ќе биде готова за една година. Важно да ја има во доволни количини и да биде достапна за сите, а не само на оние кои можат да платат за неа.
- Јасно е дека за да го доведеме под контрола COVID-19 и да спасиме животи, потребни ни се ефективни вакцини, дијагностика и терапија – во невидени количини и со невидена брзина. И јасно е дека затоа што сите луѓе се изложени на ризик од Ковид-19, сите луѓето треба да имаат пристап до сите работи за да го спречат, детектираат и третираат тоа – не само оние што можат да си дозволат да платат за нив, вели Тедрос Адханом Габриезус, генерален директор на СЗО.
Во мометов во светот има приближно десет милиони заболени од Ковид – 19 и речиси 500.000 мртви. Соединетите Американски Држави се на врвот на светската листа со 2,5 милиони забилени, а само вчера таму се регистрирани 40.000 инфицирани, а неколку држави повторно ги заострија мерките поради влошувањето на ситуацијата.
И вестите од Балканот се загрижувачки, во Србија Крагуевац е ново жариште, каде бројот на заразени е шест пати повисок од предхдниот ден. Од 252 тестирани, 62 биле позитивни, што е речиси една четвртина.
Во Хрватска денеска се регистрирани 80 нови случаи, после највисокиот скок во четвртокот со 95 инфицирани. Тенисерот Горан Иванишевиќ е новиот позитивен на Ковид во кластерот на Новак Ѓоковиќ по тенискиот тирнир Адриа.
Во Црна Гора голем дел од туристичките агенции се затворени, но добрата вест велат е што од 1 јули тие ќе можат да патуваат во земјите на ЕУ. На прелиминарната листа, која треба да биде дефинирана до понеделник, покрај Црна Гора, стои и Србија, за Македонија неизвесноста останунва.
Билјана Ставрова