ЕУ ги отвора границите – СЗО предупредува од нов можен бран

Светската здравствена организација предупредува од нив можен бран од епидемијата од Ковид – 19, но владите на европските земји се нетпеливи, пред почетокот на туристичката сезона 2020 ги креваат рампите на границите.

Од 15 јуни Германија планира да ги укине предупредувањата за патувања во европските земји, воведени во средината на март.

„Укинувањето на предупредувањата се однесува на 31 европска земја, вклучително и земји членки на ЕУ, Велика Британија и земји што не се членки на шенгенот“, се вели во документот со наслов „Критериуми за овозможување европски туризам“, што треба да го усвои утре германската влада.

Во врме на пандемија и германската канцеларка Меркел ќе ја објави политиката што Берлин ќе ја спроведе за време на претседателството со Европската Унија, што го презема на 1 јули.

Првите луѓе на францускиот и на германскиот парламент апелираа што поскоро да се отворат границите на европските земји, велат затворањето на француско-германската граница веќе има последици во нашите односи.

Данска ја ублажава контролата со соседните нордиски земји, за почеток на прекуграничните парови им е овзоможено повторно да се состанат.

Во меѓувреме италијанската влада преговара со земјите на ЕУ за рестартирање на европскиот туризам на 15 јуни и за отфрлање на таканаречените туристички коридори кои ја исклучуваат можноста за запирање во одредени земји.

Жителите на Барселона задоволни, ја користат можноста да одат на плажа но и загрижени- живееме во неизвесност.

  • Ова е фантастично. Иако денеска морето не е идеално, бидејќи има многу медузи. Но е сензационално. Му се радувавме на овој момент. Многу го баравме. Не беше логично бидејчи сурфањето беше дозволено, но на пливачите не им беше дозволено, вели Антонио Хосе Перез, државен службеник.
  • Чувствата ми се измешани. На почеток нема да имаме туристи. Во текот на следните два месеци патувањето нема да биде дозволено. Нема да можеме да ја напуштиме земјата ниту пак да примаме посетители. Мораме да соработуваме со локалците и да живееме во неизвесност, кажа Марцело Обрегон, работник во ресторант.

Земјите во кои се намалува бројот на заболени од коронавирус би можеле да се соочат со втор пик, доколку мерките за запирање на епидемијата се олеснат или се укинат прерано, предупреди шефот за итни случаи на СЗО, Мајк Рајан.

  • Треба да бидеме свесни за фактот дека болеста може да земе замав во секој момент. Не можеме да претпоставуваме дека болеста спласнува и дека тоа ќе остане така. Ќе имаме неколку месеци за да се подготвиме за вториот бран. Може да се случи да имаме и втор пик во овој бран, рече Мајк Рајан, шефот за итни случаи на СЗО.

Во Србија не стивнуваат бурните рекции по одлуката на официјална Подгорица да не ги отвори границите за српските државјани. Црна Гора дозволи влез за Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија и Грција, но не и за Србија.

Хрватско – словенечката граница викендов беше блокирана од големиот број посетители кои се упатија јанданскиот брег, што е прв знак за закрепнување на туризмот. Но ограничувањето за влез во Хрватска подразбира поседување на имот, како и резервација за годишен одмор, за одредени државјани обврзувачки е 14 -дневен карантин.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ