ЕУ единственa за иранскиот нуклеарен договор и за меѓународната трговија

Лидерите од држави од Европската унија кои се собраа на работна вечера синоќа во Софија се единствени во заедничкиот одговор на „каприциозното однесување“ на претседателот Доналд Трамп за теми на иранскиот нуклеарен договор и меѓународната трговија.

Лидерите се согласија дека ЕУ ќе продолжи да се бори за меѓународниот систем заснован на правила и покрај неодамнешните одлуки на Трамп за климата, царините и за Иран.

ЕУ ќе продолжи со подршка за договорот се додека Иран го почитува и ќе ги заштитуваат европски фирми кои се погодени од американската одлука.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ