ЕУ е против безусловното враќање на Русија во Г7

Европската унија е против тоа на Русија да и се упати безусловен повик за повторно да им се приклучи на разговорите на лидерите од Г7. Домаќинот на самитот кој започнува викендов, францускиот претседател Макрон со оценка дека повторниот прием на Русија во групата најмоќни без решавање на прашањето за украинската криза ќе биде стратешка грешка. Тоа ќе укаже на слабоста на западните сили и ќе ја потврди ерата на неказнивост. Русија засега  воздржано, смета дека треба да ги разгледа конкретните предлози за враќање во Групата7. Но Трамп беше дециден ако сакаме мир во светот потребно е Русија да биде дел од Г7, таму каде што била од секогаш. Според него Барак Обама, барал Русија да излезе од групата бидејќи „бил надитрен“, од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

  • Дојде до тоа дали треба да ја вратиме Русија? Ние поминуваме многу време разговарајќи за Русија на тие состаноци, а тие не се таму. Мислам дека би било добро ако Русија беше таму, за да можеме да зборуваме директно, не мора да зборуваме за сè по телефон и други работи. Значи, тоа е нешто, тоа е гласање за тоа што сега е Г7, рече Трамп.

Како една од темите на Самитот, Макрон ја истакна економската рамноправност, во настојување да даде поттик на мултилатерализмот и да ја унапреди глобализацијата. Но само на 30 километри од местото Бијариц каде се е подготвено за почеток на самитот, француските жолти елеци и баскиските нацоналисти веќе се на француско – шпанската граница и започнаа таканаречен контрасамит, околу 50 невладини организации протестираат против економнските и климатските политики на водечките економии.

– Ние се наоѓаме во фазата на капитализмот, која веќе не можеме да ја поднесеме. Не го сакаме тој капитализам. Сакаме да живееме во мир, во единство, во братство, еднаквост и лична слобода. Слободата која денеска ја немаме, вели Мишел Рамонбордер, протестант од Жолтите елеци.

Главна тема годинава на лидерите на Франција, САД, Велика Британија, Канада, Германија, Италија и Јапонија ќе биде дигиталниот данок, како и еволуирачката улога на дигиталните и криптовалутите како што е либра, која Фејсбук планира да ја пушти во оптек следната година. На самитот се очекуваат 10.000 членови на делегации и акредитирани новинари. Сите 52 хотела во градот беа резервирани уште пред една година.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ