ЕУ бара милијарди евра за вакцина против Ковид-19- Меркел потребно е глобално заедништво

Меркел повика на глобално заедништво во борбата против Ковид-19. Мултилатералната глобална акција може да ни помогне да ја надминеме оваа пандемија, рече германската канцеларка, која нагласи дека вирусот треба да биде поразен со развивање вакцина.

На иста линија е и претседателката на ЕК Фон дер Лајен која изјави дека бара милијарди евра за вакцина против Ковид-19, но на ЕУ и е потребен Маршалов план. На донаторска конференција в понеделник ЕУ ќе се обиде соберат 7,5 милијарди евра.

Секој може да се разболи од вирусот и затоа имаме задача да делуваме заеднички ширум светот. Оттука тоа не е само прилика за заедничко делување, туку би рекла тоа е неопходно. И Германија се соочува со оваа одговорност и затоа ќе обезбедиме вакцина за секого, кога ќе биде откриена, да биде достапна за сите луѓе, вели Ангела Меркел, канцеларка на Германија.

Германија регистрираше 164.000 заболени од Ковид-19, но има околу 6.700 мртви.

Американскиот претседател Трамп изрази надеж дека вкупниот број на смртни случаи во САД од коронавирус нема да биде поголем од 100.000 лица.

– Се надеваме дека ќе стигнеме под тие 100.000 изгубени животи, што е застрашувачка бројка. Сепак, тоа е ужасна работа. Можеше да се запре, рече Трамп.

Според некои западни медиуми, бројките на Трамп често се поголеми од реалните проценки со цел да ги оправда рестриктивните мерки воведени од неговата администрација, пред се одлуката за забрана за патувања од Кина во САД.

После осум недели големиот број на австриски продавници, освен рестораните и хотелите денеска повторно започнаа со работа. Во оваа фризерница следниот месец е веќе целосно резервиран, нема слободен термин, сопственикот е задоволен.

Многу сме среќни што ни овозможено повторно да отвориме. Ова беше долго и тешко време, вели Бернхард Пласил-Осиг, менаџер на фризерског салон.

И покрај полибералните мерки, постои стравување од нов бран на инфекцијата на есен. Досега во Австрија има 15.500 случаи на заразени од Ковид-19 и околу 590 смртни случаи.

Словенечките здравствени власти објавија дека втор ден по ред бројот на новозаразени е само пет, со што и дефинитивно земјата е пред прогласување победа над епидемијата.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ