
Ескалација на политичката криза во Молдавија
Шаторите на демонстрантите се поставени пред законодавниот дом, ескалација на политичката криза во Молдавија, новоименуваниот претседател Павел Филип го распушти парламентот и распиша предвремени избори во септември. Филип, поранешниот премиер, е именуван за привремен претседател по налог на Уставниот суд, на местото на про-руски орентираниот претседател Игор Додон.
Демократската партија на Молдавија, на Павел Филип вети вчера дека ќе го оспори легитимитетот на новата влада формирана од Социјалистичката партија која има руска поддршка и про-европскиот блок АЦУМ. Додон е поранешен лидер на Социјалистичката партија.
- И покрај сè, и покрај спротивставените позиции, (пратениците) покажаа голема храброст. Да, се разликувате еден од друг, оние кои се на левата страна во споредба со оние на десната и нема ништо лошо во тоа. Во Молдавија има различни луѓе со различни мислења, идентитети и геополитички ставови. Но, она што се случи во овој парламент само покажа дека можеме да најдеме заедничка основа, рече Игор Додон, поранешен претседател на Молдавија.
Социјалистичката партија и блокот АЦУМ се договорија вчера да формираат влада и ја именуваа Маја Санда, поранешна министерка за образование за премиерка, за да ја намалат моќта на олигарсите.
- Ги повикуваме сите луѓе во државните и воени институции во Молдавија. Ги молиме да не ги извршуваат незаконските наредби на натрапниците и да бидат со народот и легитимно избраната власт- парламентот, претседателот и владата. Молдавскиот парлемент, избран на 24 февруари 2019 година, ја прогласи поранешната влада на Филип за незаконска и побара од Демократската партија да ги истера платениците од државните институции, рече Санда.
Кризата започна по изборите во февруари, кој завршија без јасен победник меѓу ривалските про-ЕУ и проруски партии. Сега постои опасност долготрајната криза да доведе до насилства и судири во Молдавија, една од најсиромашните држави во Европа, која се ноѓа меѓу Романија и Украина.
Билјана Ставрова