Ердоган победи на претседателските избори уште во првиот круг

Ердоган победи на претседателските избори во Турција. Како што предвидуваа дел од аналитичарите пред изборите, Ердоган освои половина од гласовите односно 53%. Со тоа, актуелниот претседател обезбеди нов мандат за наредните пет години.

Неговиот главен противкандидат Муарем Инџе доби 31% од гласовите. Излезноста на изборите во Турција изнесува 86,82%.

За полицијата, ова се најчистите избори во последните неколку години иако на денот на гласањето се случија неколку убиства на регионални политички лидери, како и бројни апсења.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ