
Елизабет Ворен се повлече од трката за претседателски кандидат
Елизабет Ворен се откажа од трката за демократски кандидат на претседателските избори во САД по нејзиното лошо претставување на супер вторникот кога гласаа 14 американски сојузни држави оваа недела.
Седумдесет годишната сенаторка од Масачусетс изјави дека ќе подржи еден од двајцата останати кандидати на демократите, поранешниот потпретседател Џо Бајден или сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, но тоа нема да го направи денеска.
Сега ми се потребни малку простор и време, им порача таа на новинарите пред нејзиниот дом во Кембриџ, Масачусетс.
Ворен имаше предност во неколку национални анкети на јавното мислење минатото лето, но не успеа да изгради широка коалиција што ќе ја доведе до успех во „супер вторникот“ на 3 март, завршувајќи зад своите колеги Берни Сандерс и умерениот Џо Бајден во 14-те држави, вклучувајќи го и нејзиниот роден Масачусетс.