
Елиминирани 40 милитанти во рацијата за нападот врз туристи во Египет
Египетската полција денеска уби најмалку 40 милитанти во рации во Газа и во северниот дел на Синај.
Рациите се преземени по вчерашниот бомбашки напад што се случи во близина на Пирамидите во Гиза, при што загинаа најмалку четири лица, а повредени се десет луѓе.
Инцидентот се случи кога автобус со туристи налетал на рачно изработена бомба поставена на пат.
На лице место загинаа двајца туристи од Виетнам, а во болница починаа туристичкиот водич и уште еден виетнамски турист.
Се уште никој не презеде одговорност за нападот.
Египетските власти се уште немаат издадено официјално соопштение за спроведените рации.