
Експлозив пред амбасадата на САД во Подгорица
Непознато лице синоќа фрли експлозивна направа кон Амбасадата на САД во Подгорица, а потоа со бомба се самоуби пред дипломатското претставништво.
Во инцидентот не е оштетен објектот, но сепак полицијата го блокирала булеварот пред Амбасадата на САД.
По експлозијата Амбасадата на својата интернет-страница ги предупреди граѓаните да го избегнуваат реонот.
Мотивите за нападот се уште не се познати.