
Експлозија во близина на грчкото Министерство за одбрана во Солун
Импровизирана експлозивна направа експлодира во близина на канцелариите на грчкото Министерство за одбрана во центарот на Солун во раните утрински часови, објави Екатимерини.
Експлозијата предизвика помали штети на фасадата на Министерството.
Пожарникарите пристигнаа на местото на настанот и го изгаснаа огнот што гореше по експлозијата.