Екслузивно – Македонката Марина Јакшиќ со детали за ужасот во Тајланд, каде вооружено лице досега уби 20 луѓе

Војник во Тајланд уби најмалку 20 луѓе, а голем број се повредени, во градот Корат.

Напаѓачот најпрвин го ликвидирал својот бизнис партнер и неговата сопруга, а потоа отишол во воена база, се вооружил и почнал да  убива случајни минувачи. Потоа влегол во трговски центар, каде се наоѓа се уште, а бројката на заложници не се знае.

Војска и командоси се распоредени околу трговскиот центар. Убиецот се уште е на слобода, а полицијата ги блокира сите приоди кон центарот на градот Корат, во обид да го спречи напаѓачот . Марина Јакшиќ, Македонка која живее во овој град, за Телма зборува што се случува во Корат.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ