
Еколошка герила акција: Голи демонстранти ја прекината седницата за Брегзит
Група голи мажи и жени со скандирање и скокање во знак на протест поради климатските промени се обидоа синоќа да ја прекинат седницата на долниот дом на британскиот парламент, додека се водеше расправата за алтернативите на планот на премиерката Тереза Меј за Брегзитот.
Демонстрантите биле членови на организацијата “Побуна против изумирањето”, кои на своите речиси целосно голи тела испишале пораки за спас на природата.
Дел од нив ги притиснале своите задници на заштитното стакло кое ги раздвојува јавната галерија од Парламентарната сала а дел од нив силно тропале на стаклото, на изненадување на парламентарците.
Обезбедувањето се обидело да ги отстрани а дел од нив морале да бидат присилно извлечени.