ЕК ќе ги разгледа буџетските последици од најавените мерки на Макрон

Европската комисија ќе ги разгледа внимателно буџетските последици од мерките објавени синоќа од страна на францускиот претседател Емануел Макрон, со цел да го смири гневот на „жолтите елеци“. Од комисијата велат дека ги следат одблизу новите најавени мерки, но не можат да ги коментираат пред да бидат претставени во детали.

Под притисок на социјалното незадоволство на „жолтите елеци”, претседателот Макрон вчера објави зголемување на минималната плата за 100 евра месечно од 2019 година, поништување на зголемувањето на даноците на пензиите под 2.000 евра и ослободување од даноци за прекувремена работа.  Овие мерки ќе ја чинат земјата меѓу осум и 10 милијарди евра, се проценките на француското министерство за финансии.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ