
Египетскиот суд осуди на смртна казна 75 луѓе и 46 на доживотен затвор
Египетскиот суд ги осуди на смртна казна 75 луѓе, вклучувајки ги и главните лидери на муслиманското братство за нивната вклученост во протестите во 2013та година. 5 години после овие протести во овој случај беа обвинети 739 обвинети кои се товарат за различни дела од убиства до уништување на имоти. Судот на доживотен затвор ги осуди и лидерот на муслиманското братсво Мохамед Бади и уште 46 други учесници во протестите.
Мохамед Абу Заид, наградуван фото новинар познат по прекарот Шавкан доби 5 години затворска казна и тој ќе биде ослободен по изрекувањето на пресудата бидејќи истата ја има веќе помианто во притвор. Мохамед Абу Заид беше затворен додека фотографирал за време на протестите во 2013 година.
Протестите во Египет се случија во 2013та година како поддршка на тогашниот демократски избран претседател Мохамед Морси, кој беше симнат од власт од тогашниот воен командант и сегашен претседател Абдел Фатах Ал Сиси.
Јордан Дуков