Едно лице загина, а петмина се повредени кога трамвај излета од шини во Белград

Едно лице загина, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Белград, која се случи утрово, кога трамвај излета од шините.

Несреќата се случила кога автомобил „Дачија“ поминал на црвено и се удрил во предниот дел на трамвајот, кој од силата на ударот излегол од шините, удрил во дрво и згазил пешак.
Човекот починал на местото на несреќата.

Според неофицијални информации, повредени се пет лица, вклучувајќи го и возачот на автомобилот. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Двајца од нив се во критична состојба.

На местото на инцидентот се испратени полициски екипи, итна медицинска помош и пожарникарска служба. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ