Едно лице уапсено во обид да влезе со автомобил во Белата куќа

Неидентификувано лице е уапсено во обид да влезе со автомобил во кругот на Белата куќа следејќи возило на кое му е дозволен пристап, соопшти денеска Тајната служба, елитна единица задолжена за безбедноста на американските претседатели.

– Возилото е запрено и лицето веднаш беше приведено, се вели во соопштението и се додава дека сите улици кон Белата куќа се затворени. Други детали не се откриваат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ