Една третина од човештвото во изолација поради коронавирусот

Една третина од човештвото е во изолација поради коронавирусот, откако денеска и во Индија стапи во сила наредбата нејзините 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели. Во изолација во моментов се наоѓаат 2,6 милијарди луѓе низ целиот свет. Инаку во Индија до овој момент има само 606 заболени. Сепак премиерот на Индија донесе одлука жителите на втората најнаселена држава во светот по Кина, да не ги напуштаат домовите.

Истовременое Кина денеска ги укина драстичните ограничувања во провинцијата Хубеи, каде започна пандемијата на коронавирусот, од кој од декември до денеска заболеа повеќе од 438.000 луѓе во светот, а починаа речиси 20.000. Пекинг вчера објави дека го укинува карантинот за повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, воведен во јануари. За првпат по два месеци таму се отворени рестораните.

Ситуацијата во Европа е се уште критична. Најпогодена е Италија каде денеска улиците на Рим останаа пусти откако италијанската влада го продолжи карантинот за да спречи ширењето на заразата. Освен забрана за движење таму се затворени и продавниците и парковите. По Италија, Шпанија е втората европска држава со најголем број заразени – денеска билансот таму е 47.000, од кои повеќе од 5.000 се нови случи и досега вкупно починале 3.500 смртни лица.

Во Германија каде денеска има нови над 2.000 заболени, авкупно се 35.000 Бундестагот гласа за огромниот пакет за ублажување на ударот од коронавирусот врз економијата. Германските законодавци треба да ги изгалсаат мерките предложени од владата, а кои ќе овоможат помош од повеќе од еден трилион евра.

„Ова е заеднички предизвик за светската заедница да се бори против ефектот на кризата со коронавирусот и поради тоа Германија, особено во ова време, ќе застане покрај европските партнери. Ова не не засега само нас, ние стоиме заедно. Во оваа ситуација, ние како влада на Германија правиме се што е потребно и неоходно да ги амортизираме послеиците за менаџирање со кризата“, изјави Олаф Шолц, вицеканцелар и министер за финансии на Германија.

Во САД пак каде има над 55.000 заболени Белата куќа и Сенатот постигнаа договор за помош на деловните субјекти, работниците и системот на здравствена заштита, најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот. Одлуката воедно најголемата мерка за спасување на економијата во американската историја и изнесува два трилиони долари.

Велика Британија пак денеска соопшти дека коронавирусот влегол во кралското семејство. Престолонаследникот 71-годишниот принц Чарлс е позитивен на коронавирус, потврди неговиот кабинет. Неговата сопруга Камила е негативна на вирусот.

Во Словенија каде досега 528 лица се заболени од вирусот и има четири смртни случаи словенечката влада реши да го укине Кризниот штаб кој изминатиов период ја координираше борбата против коронавирусот и сите обврски на дневно ниво ќе ги носи исклучиво Владата и ресорните министерства.

Регинот пак продолжува да ги брои смртните случаи од коронавирусот. Србија денеска ја регистрираше четвртата жртва, докторка од Ниш, додека во Босна и Херцеговина возрасна жена кај која посмртно е констатиран коронавирусот е третата жртва. Властите во Сараево од денеска забранија влез за странци во земјата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ