Еден убиен, деветмина повредени- напад во Финска

Едно лице загина, а 10 се повредени во напад на колеџ во финскиот град Куопио, соопшти полицијата.

Сведок за финските медиуми изјавил дека студент влегол во колеџ Саво, носејќи меч и прободел неколку лица.

Полицијата соопшти дека осомничениот носел „сомнително оружје“ и пиштол. Пукал кога пристигнал во училиштето, кое е сметено во трговски центар јужно од центарот на гардот.

Друг сведок за локалното радио рекол дека вооружената полиција се соочила со осомничениот и биле истрелани два куршума.

Осомничениот, за кој полицијата вели дека е Финец, бил меѓу повредените во нападот. Двајца се во сериозна состојба.

„Едно мртво тело е пронајдено во просториите на колеџот“, соопшти полицијата. Ранетите се однесени во универзитетската болница во Куопио.

Колеџот има околу 600 студенти и 40 вработени, но официјалните лица велат дека е нејасно колку биле на местото на настанот во моментот на нападот.

Една жена изјавила дека и помогнала на професорката која претрпела длабока рана на раката кога била нападната од ученикот.

Тој влегол на час по кратко време попладне и извадил меч од торбата и ја нападнал професорката додека се обидувала да избега, во тој момент студентите фрлале столови кон напаѓачот во обид да избегаат, но некои биле ранети.

Премиерот Анти Рин рече дека насилството во колеџот е „шокантно и целосно неприфатливо“, додека министерот за образование, Ли Андерсон, рече дека секоја млада личност има право да учи безбедно, без страв од насилство.

Финска се смета за релативно безбедна земја, со вкупно 73 убиства во 2017 година, но има бројнo население кое поседува оружје. Во 2008 година, 22-годишен вооруженик застрела 10 лица во стручно училиште во градот Каухајоки, пред да се самоубие.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ