
Еден ден со медицинската сестра Сетембрез од миланската болница „ Сан Паоло“
Италијанската медицинска сестра Кристина Сетембрез се подготвува за вообичаениот работен ден. Пред да замине во болницата „ Сан Паоло“, 54-годишната Сетембрез го шета домашниот миленик Пепе во паркот и ја полни торбата со храна , за на работа.
- Во овој период, јас сум изолирана дома зашто работам на Одделението за инфективни болести и сега, со појавата на Ковид- 19, се плашам за мојата ќерка и за моето семејство. Поминаа 2 месеци, од 20 февруари наваму, кога бев во Кодињо, за да земам брисеви и затоа ја испратив мојата ќерка да живее кај сестра ми – Кристина Сетембрез- мединицска сестра од болницата „ Сан Паоло“ –Милано.
Нејзината ќерка Ребека, има 24 години и признава дека и недостига кучето. Сетембрез заминува на работа и ги остава торбите во болничката кујна. Колегите и помагаат да ја облече заштитната опрема. Таа признава дека новите околности бараат нови знаења од медицинскиот персонал за да се изборат со корона вирусот.
- Ние здравствените работници одново инвестиравме во нашето знаење, зашто работејќи во Одделението за инфективни болести, никогаш не сме виделе шлем, маска, ниту пак знаев, како да го проверам мониторот . Па, работевме и дома моравме да учиме за овие машини- Кристина Сетембрез- мединицска сестра од болницата „ Сан Паоло“ –Милано.
Секојдневната комуникација со пациентите создава емоции кај оваа медицинска сестра , која започнала да работи на 18, 5 години. Таа вели дека од изминативе седмици има ново семејство.
- Има пациенти кои те трогнуваат зашто се сами, немаат роднини, живеат со нивните болести и понекогаш умираат сами, за жал, па ние се чувствуваме како да сме им семејство- Кристина Сетембрез- мединицска сестра од болницата „ Сан Паоло“ –Милано.
Смената и завршува со консултации и предавање на обврските на колегите што доаѓаат. По враќањето дома, Кристина Сетембрез си игра со кучето. Става маска и разговара по телефон со семејството. Болницата „ Сан Паоло“, и понатаму прима пациенти со корона вирус, со што продолжува и хуманата мисија на оваа медицинска сестра.
Сотир Трајков