Дволичниот Трамп прво ја критикуваше, па ја фалеше премиерката Меј

Трамп, мајсторот на дволичноста успеа повторно да се демантира себе си за време на посетата на Велика Британија.

Откако ја критикуваше примиерката Тереза Меј за новиот план за мек Брегзит, Трамп отиде дотаму што му подели комплименти на веќе екс министерот за надворешни Борис Џонсон, и го опиша како одличен иден премиер на Англија. Критиките за Меј искажани во Сан магазинот ги нарече лажни вести и потоа се правдаше.

„Ме прашаа за Борис Џонсон, и реков да. Каков тој би бил како премиер? Реков дека тој би бил одличен премиер, тој беше многу фин со мене. Тој кажуваше многу убави работи за мене како претседател. Мислам дека мисли како правам добри работи. И јас добро си ја работам работата, тоа можам да ви кажам ако не сте приметиле, но Борис Џонсон мислам дека би бил одличен премиер“.

Потоа Трамп прејде кон нови комплименти за својата домаќинка, една нова и одглумена љубовна приказна, најверојатно договорена од нивните советници со цел да се намали штетата од интервјуто на Трамп, вистинска „бомба“ во состојба да го уништи планот на Даунинг стрит за Брегзит.

„Исто така кажав дека оваа неверојатна жена тука прави фантастична работа, одлична работа. И го мислам тоа и морам да кажам дека ја запознам многу подобро Тереза Меј во последните два дена, повеќе отколку во последните година и пол“.

Ќе видиме во наредните денови дали штетата е избегната. Во понеделник планот на британската влада ќе биде ставен на гласање во парламентот, каде најконзервативните пратеници се закануваат дека ќе го соборат.

После уште една срамна и проблематична посета, Трамп со хеликоптер замина за Виндзор на чај со кралицата, а потоа на луксузен викенд во Шкотска каде ќе го подготвува самитот со Путин закажан за понеделник во Хелсинки.  За жал, иако од хеликоптер, Трамп најверојатно не ги ни видел илјадниците протестанти и балонот бејби Трамп кој го измејува нарцисизмот и детинестиот карактер на најмоќниот човек на планетата.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ