(видео)Три лица загинаа во земјотресот во Албанија, над 150 повредени

Три лица загинаа како последица на силниот земјотрес што во утринските часови ја погоди Албанија.

Станува збор за маж на возраст од 32 години, во Курбин, кој во обид да се спасили скокнал од балкон од поголема висина и починал.

Првата жртва беше повозрасна жена во Туман, кај Фуш Круја, која живеела во стамбена зграда која е целосно урната. На самото место се уште се расчистува, а во меѓувреме спасени се две деце.

Неидентификуван маж, со рана на десниот образ, за телевизијата Њусвик24 изјави дека неговата ќерка и внука биле меѓу оние кои се заробени во пропадната зграда.

„Разговарав со ќерка ми и внука ми на телефон. Тие рекоа дека се добри и чекаат за спасување. Не можев да разговарам со жена ми. Постојат и други семејства, но не можев да разговарам со нив”, изјави човекот.

Дел од медумите јавуваат за трета жртва, но информацијата не е потврдена.

Портпаролот на албанското Министерство за одбрана потврди дека има лица заробени под урнатините во Драч. „Пожарникарите и персоналот на армијата им помагаат на жителите“, рече портпаролот.

Според министерката за здравство, Огета Манастирлиу, повредени се 150 лица, главно со скршеници и набиеници.

Министертвото за образование соопшти дека поради актуелната состојба денеска настава нема да има во училиштата во околиите Драч, Тирана и Лежа. Инаку, по силниот земјотрес во 3:56 со јачина од 6,4 степени според Рихтер, речиси со идентична јачина, 6,3 степени регистриран е потрес во 7:20 часот.

Прекини на електрична енергија беа пријавени низ голем број населби во Драч, додека имаше и многу сведоци кои опишуваат значајно тресење низ целиот регион, вклучително и на Косово и во Македонија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ