Две нови жртви во пожарите во Калифрнија

Катастрофалниот шумски пожар кој ја зафати Калифорнија зеде двајца пожарникари, и со тоа бројката на жртви се зголеми на три, откако претходно загина возач на булдожер. Пожарот веќе се доближи до градот Рединг, од каде се евакуирани десетици илјади луѓе, a меѓу нив има и повредени.

Во округот Шаста поажрите беа вовлечени од силно торнадо, кое направи пустош, во воздухот фрлаше автомобили, а уништи 500-тини домови. Пожарникарите соопштија дека под контрола се само 5 проценти од огнената стихија. Информациите се дека досега е уништена површина од 18 илјади хекатри. Со пожарот се борат околу две илјади пожарникари, но ситуацијата дополнително се влошува поради силниот ветер и високите темпретаури. Во моментов активни се 90 пожари,  кои според експертите се најлошите во изминативе десет години.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ