Две лица загинаа во ураганот Мајкл, околу 320.000 не успеале да се евакуираат

Две лица загинаа на Флорида во третиот по јачина ураган кој го погодил американското југоисточно крајбрежје. Ураганот Мајкл ја погоди Флорида како бура од четврта категорија со ветрови од 250 километри на час.

„Кога живееш покрај брегот, ова е тоа што го добиваш. Се работи само за собирање на деловите и повторно составување, составување на животите повторно“, изјави Џон Гауч, жител на Флорида.

Влатите побараа евакуација на над 370.000 жители, но најголем дел од нив ги игнорирале препораките. Според информациите од властите, само 6.000 граѓани се евакуирале и моментално се сместени во 80 засолништа во пет сојузни држави. Вонредна состојба е прогласена во Флорида, Алабама, Џорџија и Северна Каролина каде речиси половина милион луѓе останаа без електрична енергија. Американскиот претседател изјави дека секаде каде што ќе помине бурата, федералните и локалните власти со илјадници работници ќе ја поправат инфраструктурата и најбрзо што може ќе го вратат животот во нормала.

„Ќе го направиме секој напор, секоја цена, секој ресурс да им помогнеме на овие наши големи сограѓани кои поминуваат низ тешко време во моментов“, порача Трамп.

По Флорида Мајкл премина во тропска бура и се движи со голема брзина кон внатрешноста на САД.

„Се движи прилично брзо кон североистокот со околу 33 километри на час. Очекуваме, уште побрзо, движењето кон североистокот да продолжи и денеска а центарот на бурата ќе помине низ делови од Јужна Каролина, Централна и Источна и Северна Каролина, а потоа можеби и низ југоисточна Вирџинија пред да се пробие кон Атлантикот доцна во четврток или рано во петок“, изјаво Џек Бевен од Националниот центар за урагани на САД.

Националната метеоролошка служба претходно предупреди дека се можни торнада ширум северозападниот дел на Флорида, во југоистчна Џорџија и Јужна Каролина.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ